АКТЕРОТ ЏЕРЕМИ РЕНЕР ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА И ПО ОПЕРАЦИЈАТА ОТКАКО ГО ПРЕГАЗИЛ ЧИСТАЧ ЗА СНЕГ

    АКТЕРОТ ЏЕРЕМИ РЕНЕР ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА И ПО ОПЕРАЦИЈАТА ОТКАКО ГО ПРЕГАЗИЛ ЧИСТАЧ ЗА СНЕГРенер се здобил со повреди на градниот кош и со ортопедски повреди (Фото: АП)

    Американскиот актер Џереми Ренер е опериран, но и натаму е во критична состојба по несреќа при чистење снег, изјави неговата публицистка Саманта Мист.

    Ренер се здобил со повреди на градниот кош и со ортопедски повреди и сè уште е на интензивна нега“, кажа Мист.

    Педесет и едногодишниот Ренер бил префрлен во болница во неделата откако бил тешко повреден додека чистел снег пред својот дом во Рино, Невада. Од локалната полиција кажаа дека немало други повредени во несреќата. Сајтот ТМЗ објави дека на Ренер прво му помогнал еден од соседите, кој е лекар.

    Друг сосед изјави дека Ренер бил прегазен од неговиот чистач за снег, кој му поминал преку нога, поради што изгубил многу крв.

    Ренер, кој има две номинации за Оскар, е најпознат по улогата на суперхеројот Хокај во серија филмови на „Марвел“, а овој лик лани доби и сопствена серија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира