„Алкалоид“ ја доби наградата за најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2023 година во изборот на медиумите, што му беше доделена на церемонијата на доделувањето на годишните награди на Македонската берза. Компанијата го освои ова признание 11. пат во изминатите години.
Покрај тоа, „Алкалоид“ е добитник на наградата за акција на годината, во согласност со гласовите на пошироката јавност.
„Непоколебливата решителност за транспарентно работење се рефлектира во сите позитивни перформанси на компанијата. Цврсто посветени на остварувањето на моделот за одржлив раст и развој на „Алкалоид“, притоа обезбедувајќи јасна предвидливост на очекувањата на пошироката заедница и на сите засегнати страни, овие принципи ќе останат во сржта на целокупното работење, додека компанијата продолжува да ги зајакнува и проширува овие аспекти во годините што следуваат“, велат од компанијата.