„Алкалоид“ почна да го продава дезинфекцискиот раствор „дезинтал“ во ново пакување, само неколку дена откако предупреди дека на пазарот се појави фалсификат на овој негов заштитен производ.
„Дезинтал“ е раствор за чистење и дезинфекција на сите видови површини со продолжено дејство, вклучувајќи стакло, пластика, дрво, кожа, текстил и гума. Со него можат да се дезинфицираат сите кујнски апарати и санитарни и помошни простории, како и подови и ѕидови.
„Aпелираме до купувачите да внимаваат при купувањето, бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде до несакани дејства врз безбедноста и здравјето на купувачите. Исто така, се доведува во прашање и ефикасноста на овие производи, кои во моменталната ситуација се од исклучителна важност“, соопшти „Алкалоид“.