„АЛКАЛОИД“ ПОЧНА ДА ГО ПРОДАВА „ДЕЗИНТАЛ“ ВО НОВО ПАКУВАЊЕ

    „АЛКАЛОИД“ ПОЧНА ДА ГО ПРОДАВА „ДЕЗИНТАЛ“ ВО НОВО ПАКУВАЊЕ„Алкалоид“ неодамна предупреди дека на пазарот се појави фалсификат на овој негов заштитен производ

    „Алкалоид“ почна да го продава дезинфекцискиот раствор „дезинтал“ во ново пакување, само неколку дена откако предупреди дека на пазарот се појави фалсификат на овој негов заштитен производ.

    „Дезинтал“ е раствор за чистење и дезинфекција на сите видови површини со продолжено дејство, вклучувајќи стакло, пластика, дрво, кожа, текстил и гума. Со него можат да се дезинфицираат сите кујнски апарати и санитарни и помошни простории, како и подови и ѕидови.

    „Aпелираме до купувачите да внимаваат при купувањето, бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде до несакани дејства врз безбедноста и здравјето на купувачите. Исто така, се доведува во прашање и ефикасноста на овие производи, кои во моменталната ситуација се од исклучителна важност“, соопшти „Алкалоид“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира