„АЛКАЛОИД“ СО 178 НОВИ ВРАБОТУВАЊА И ЗГОЛЕМЕНИ ПРОДАЖБИ ОД 6% ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ-СЕПТЕМВРИ 2021

    „АЛКАЛОИД“ СО 178 НОВИ ВРАБОТУВАЊА И ЗГОЛЕМЕНИ ПРОДАЖБИ ОД 6% ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ-СЕПТЕМВРИ 2021„Алкалоид“ најмногу го зголеми извозот на германскиот пазар (Фото: СДК.МК)

    „Алкалоид“ реализираше 178 нови вработувања во земјава, инвестиции од над 850 милиони денари и консолидирани продажби од 9,45 милијарди денари во периодот јануари-септември 2021.

    Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-септември 2021 продажбите достигнуваат 7.165.890.933 денари, што е 4% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупните консолидирани продажби достигнуваат 9.449.288.430 денари, што е раст од 6%.

    Консолидираните продажби на домашниот пазар се зголемени за 6%, а и вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 6%. Од вкупните консолидирани продажби, 65% се остварени на странските пазари, најмногу во Југоисточна Европа (33 %) и во Западна Европа (19). Најголем пораст бележат продажбите остварени во Германија (123%), Полска (92%) и Русија (52%). Првпат во сегментот фармација се реализираа продажби во Австрија, Португалија и Кипар, а во сегментот козметика се реализираше првата поголема продажба на колекцијата „Бекутан“ во Саудиска Арабија.

    Гледано според групи производи, најголемо учество во продажбите заземаат производите од сегментот фармација, 87%.

    Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-септември 2021 изнесуваат 850.639.878 денари.

    Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.687.034.470 денари, бележи зголемување од околу 14%, додека единечната нето добивка изнесува 978.479.923 денари и е зголемена за 16%. Консолидираната добивка пред ЕБИТДА достигна 1.766.595.559 денари (раст од 14%), а консолидираната нето добивка изнесува 989.201.826 денари и е зголемена за 17 %.

    Во периодот јануари-септември 2021 во „Алкалоид“ се реализирани 178 нови вработувања во Македонија. Групацијата „Алкалоид“ брои 2.511 вработен, од кои 1.933 во базата во Скопје, а 578 во подружниците во странство.

    Акциите на „Алкалоид“ АД Скопје котираат на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година. Цената на акцијата во периодот јануари-септември 2021 се движеше од 13.300 до 18.350 денари или просечно. 15.272,83 денари за една акција, што претставува раст од 26,5% во споредба со просечната цена во истиот период во 2020.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира