АМЕРИКАНЕЦ КОЈ НАД 200 ПАТИ БИЛ КАСНАТ ОД ОТРОВНИ ЗМИИ ПОМАГА ДА СЕ РАЗВИЕ УНИВЕРЗАЛЕН ПРОТИВОТРОВ

    АМЕРИКАНЕЦ КОЈ НАД 200 ПАТИ БИЛ КАСНАТ ОД ОТРОВНИ ЗМИИ ПОМАГА ДА СЕ РАЗВИЕ УНИВЕРЗАЛЕН ПРОТИВОТРОВАнтителата од крвта на Тим Фриде штитат од фатални дози од широк спектар на змии (Фото: АП)

    Крвта на Американец кој намерно си вбризгувал змиски отров речиси две децении доведе до „неспоредлив“ противотров, велат научниците. Антителата пронајдени во крвта на Тим Фриде штитат од фатални дози од широк спектар на змии, покажаа тестовите на животни.

    Постоечките терапии треба да одговараат на специфичниот вид на отровна змија од која некој бил каснат. Но, 18-годишната мисија на Фриде би можела да биде значаен чекор во пронаоѓањето на универзален противотров против сите каснувања од змии, кои убиваат до 140.000 луѓе годишно и оставаат трипати повеќе случаи на ампутации или траен инвалидитет.

    Фриде претрпел повеќе од 200 каснувања и повеќе од 700 инјекции отров што ги подготвил од некои од најсмртоносните змии во светот. Првично сакал да го изгради својот имунитет за да се заштити кога ракува со змии, документирајќи ги своите подвизи на Јутјуб.

    Рано се зафркнав кога по каснувања од кобри двапати паднав во кома за кратко време. Не сакав да умрам. Не сакав да изгубам ниту прст. Не сакав да пропуштам работа“, изјави Фриде за Би-Би-Си.

    Мотивацијата на Фриде била да развие подобри терапии за остатокот од светот.

    Противотровот моментално се прави со инјектирање на мали дози змиски отров во животни, како коњи. Нивниот имунолошки систем се бори со отровот, произведувајќи антитела и тие се собираат за да се користат како терапија. Но, отровот и противотровот мора да бидат тесно усогласени бидејќи токсините варираат од еден до друг вид змија.

    Тим истражувачи почнал да бара тип на имунолошка одбрана наречена широко неутрализирачки антитела. Наместо да го таргетираат делот од токсинот што го прави уникатен, тие ги таргетираат деловите кои се заеднички за цели класи на токсини. Така д-р Џејкоб Гланвил, извршниот директор на биотехнолошката компанија „Сентивакс“, се поврзал со Тим Фриде.

    Веднаш си помислив, ако некој во светот ги развил овие широко неутрализирачки антитела, тоа е Фриде и затоа го побаравме за соработка“, рече тој.

    Фриде се согласил и студијата добила етичко одобрение бидејќи на него требало да му се вбризга уште отров. Нивната работа идентификувала две широко неутрализирачки антитела кои би можеле да таргетираат две класи на невротоксини. Додале и лек за да го направат нивниот коктел на противотров.

    Во експериментите на глувци, коктелот им помогнал на животните да преживат фатални дози од 13 од 19 видови отровни змии. Имале делумна заштита од преостанатите шест.

    Тимот сега се обидува дополнително да ги рафинира антителата и да види дали додавањето на четврта компонента може да доведе до универзална заштита од отровот.

    Фриде предупреди дека има уште многу работа и дека на противотровот му е потребно опсежно тестирање пред да може да се користи врз луѓето.

    Правам нешто добро за човештвото и тоа ми беше многу важно. Горд сум на тоа“, рече Фриде.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира