АМЕРИКАНКА СО ИМЕ МАРИХУАНА ПЕПСИ СТАНА ДОКТОР НА НАУКИ НА ТЕМА НЕОБИЧНИ ИМИЊА

    АМЕРИКАНКА СО ИМЕ МАРИХУАНА ПЕПСИ СТАНА ДОКТОР НА НАУКИ НА ТЕМА НЕОБИЧНИ ИМИЊАМарихуана Пепси Вандајк вели дека цел живот ја исмевале поради нејзиното необично име (Фото: Гети)

    Американка која одби да си го промени името во инает на оние кои ја малтретирале стана доктор на науки на тема необични имиња меѓу Афроамериканците.

    Марихуана Пепси Вандајк вели дека цел живот ја исмевале поради нејзиното необично име, но место да го промени, таа одлучила да биде горда на него и да не дозволи тоа да ја спречи да успее во животот. Четириесет и шестгодишната Вандајк го искористила своето искуство за да направи истражување на имињата на црнците и како тоа влијае врз образованието во САД.

    Мајка ми ми кажа дека моето име ќе ме однесе секаде низ светот. Во прв момент бев сомничава, но исто така знаев дека мајка ми е умна жена, гениј и верував дека навистина го мислеше тоа“, се присети Вандајк.

    Марихуана имала девет години кога првпат сфатила дека има необично име. Таа била исмевана во училиштето во Висконсин не само од соучениците, туку и од наставниците.

    Марихуана е доволно необично име, па ако додадете уште Пепси, коментарите не запираат и тоа и натаму ми се случува. Мајка ми ми кажуваше да не дозволувам да ме викаат Мери“.

    Во средно училиште, исмевањето преминало во малтретирање. Таа вели дека семејството ѝ дало сила да се соочи со погрдните коментари и да го промени својот став. Минатиот месец, таа докторираше на тема „Црни имиња во бели училници и однесувањето на наставниците и учениците“.

    Сите ние сме луѓе и кога ќе чуеме име, формираме мислења и осуди“, која додава дека не е љубител ни на марихуана, ни на „пепси“. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира