АМЕРИКАНСКИТЕ ВЛАСТИ ВЕРУВААТ ДЕКА ПРОНАШЛЕ БЕСЦЕНЕТО ФАБЕРЖЕОВО ЈАЈЦЕ НА ЗАПЛЕНЕТА РУСКА ЈАХТА

    АМЕРИКАНСКИТЕ ВЛАСТИ ВЕРУВААТ ДЕКА ПРОНАШЛЕ БЕСЦЕНЕТО ФАБЕРЖЕОВО ЈАЈЦЕ НА ЗАПЛЕНЕТА РУСКА ЈАХТАФабержеово јајце изложено во Лондон (Фото: ЕПА)

    Она што би можело да биде ретко и бесценето Фабержеово јајце е пронајдено на една од запленетите јахти на руските олигарси, објавија американските власти. Заменичката на јавниот обвинител на САД, Лиса Монако, кажа дека тоа е едно од поинтересните откритија на нејзиниот тим.

    „На запленетите јахти пронајдовме некои многу интересни работи. Меѓу нив и Фабержеово јајце или барем мислиме дека е. Така што, станува сè поинтересно“, изјави Монако.

    Јајцето е пронајдено на 300 милиони долари вредната јахта „Амадеа“ (Фото: Гети)

    Таа не прецизираше на која јахта бил пронајден вредниот предмет, освен дека моментално е закотвена во заливот Сан Диего откако допловила од Фиџи минатиот месец. Триста милиони долари вредната јахта „Амадеа“ пристигна од Фиџи во Сан Диего минатиот месец по долга правна битка околу тоа на кој руски олигарх му припаѓа.

    „Ако се докаже дека накитеното јајце е автентично, тоа ќе биде едно од малкуте на светот, со вредност од милиони долари“, додаде Монако.

    Првото Фабержеово јајце било нарачано од рускиот цар Александар Трети во 1885 како подарок за неговата сопруга Марија. Во наредните три децении, тоа стана традиција за Романови. Фирмата за накит „Фаберже“ изработила само 50 јајца за царското семејство, но не се зачувани сите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира