АМЕРИКАНСКИОТ СОВЕТ НА МЛАДИ ПОЛИТИЧКИ ЛИДЕРИ ВО ПОСЕТА НА „АЛКАЛОИД“

    АМЕРИКАНСКИОТ СОВЕТ НА МЛАДИ ПОЛИТИЧКИ ЛИДЕРИ ВО ПОСЕТА НА „АЛКАЛОИД“За време на посетата, работната група, предводена од генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“ Живко Мукаетов, ги претстави постигнатите резултати од работењето.(Фото: Алкалоид)

    Претставници на Американскиот совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders – ACYPL), во придружба на претставници од Амбасадата на САД во Скопје, по вторпат остварија работна посета на компанијата „Алкалоид“, соопшти компанијата.

    За време на посетата, работната група, предводена од генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“ Живко Мукаетов, ги претстави постигнатите резултати од работењето, инвестициските проекти кои компанијата континуирано ги реализира низ годините, извозните операции, како и спроведените активности за општествена одговорност, како едни од клучните приоритети во корпоративната политика на „Алкалоид“.

    Посебен акцент беше ставен врз соработката на „Алкалоид“ со реномирани компании од САД, како на пример „Фајзер„ и „МСД“ трасиранa пред повеќе од 5 децении.

    Од деловните потфати во САД особена гордост за „Алкалоид“ се пласманите на чаеви од програмата Гуд нејчар. Во изминатите 18 години, преку својата подружница во Охајо, САД, „Алкалоид“ има воспоставено успешна соработка со американски компании специјализирани за производство и за дистрибуција на чаеви и на природни лековити производи, како на пример реномираната AVEDA, членка на групацијата Estee Lauder, и компаниите Arbonne International (Groupe Rocher Аrbonne), Swanson и други.

    Чаевите на „Алкалоид“ на американскиот пазар се присутни и под сопствен бренд, пласирани во големи синџири на маркети, а се продаваат и преку мрежата на Walmart и на Amazon.

    Во рамките на глобалната продажна мрежа www.amazon.com, алкалоидовиот чај Healthy Heart фигурира со препознатливата ознака Amazon’s Choice.

    Освен пласманите на чаеви од програмата Good Nature и на детската козметика од брендот „Бекутан“, „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани американски фармацевтски компании, со кои, во рамките на фармацевтската дејност, остварува различни форми на соработка, како на пример лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивните производи.

    При обиколката на компанијата делегацијата имаше можност да ги посети и одблизу да се запознае со производствените капацитети на сегментот фармација и со најновите современи услови за работа на Институтот за истражување и развој на компанијата.

    Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL), од своето основање во 1966 година, на своите членови им дава можност за добивање глобална политичка и бизнис-перспектива преку своите програми за меѓународна размена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира