АНГЛИЧАНКА ДОБИ ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ОТКАКО СО ВЕЛОСИПЕД УДРИЛА ПЕШАК, ОСУДЕНА Е СПОРЕД ЗАКОН ОД 19. ВЕК

    АНГЛИЧАНКА ДОБИ ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ОТКАКО СО ВЕЛОСИПЕД УДРИЛА ПЕШАК, ОСУДЕНА Е СПОРЕД ЗАКОН ОД 19. ВЕКЛиза Вејд беше осудена за нанесување телесни повреди со брзо возење

    Осум месеци затвор доби велосипедистка која во Англија тешко повредила пешак откако со голема брзина удрила во неа на пешачка патека. Лиза Вејд (46) беше осудена за нанесување телесни повреди со брзо возење.според законодавството од викторијанската ера.

    На жртвата Рут Кичинг (64) ѝ требала операција за замена на колкот по несреќата на 24 март минатата година. Вејд го призна обвинението и кажа дека се кае.

    Обвинителката Лора Мекбрајд кажа дека Вејд возела под дејство на алкохол и со една рака на управувачот, додека со другата држела кеса со кучешка храна. Истрагата утврдила дека сопирачките на велосипедот биле неисправни.

    Законот според кој беше осудена Вејд бил донесен во 1861 година и во прв момент се однесувал на кочии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира