Осуммина аргентински полицајци биле суспендирани, откако обвиниле глувци за исчезната дрога.
Истрагата утврдила дека недостигаат 540 килограми марихуана од полициско складиште во градот Пилар, северозападно од Буенос Аирес.
Поранешниот градски полициски командир Хавиер Спесија и неговите колеги му кажале на судијата дека дрогата ја изеле глувци. Ова било оспорено од форензичари, кои велат дека глувци не ја гледаат дрогата како храна и веројатно би умреле кога би ја изеле.
„Глувците никогаш не би замениле дрога за храна. Дури и да го направеле тоа, многу мрши би биле најдени во складиштето“, изјави портпаролот на судот Адријан Гонсалес Шарвај.
Обвинетите полицајци ќе се појават пред суд на 4 мај.
Во последните две години, полицијата на Пилар складирала шест тони запленета марихуана, но откако дошол на функцијата, наследникот на Спесија забележал дека одредено количество недостига, утврдувајќи дека не била заведена дрогата, запленета во април 2017 година.