АРИИ И ЛУКСУЗ ПОКРАЈ ОВЦИ НА ОПЕРСКИОТ ФЕСТИВАЛ ГЛИНДЕБУРН ШТО 90 ГОДИНИ СЕ ОДРЖУВА НА ЛИВАДИ

    АРИИ И ЛУКСУЗ ПОКРАЈ ОВЦИ НА ОПЕРСКИОТ ФЕСТИВАЛ ГЛИНДЕБУРН ШТО 90 ГОДИНИ СЕ ОДРЖУВА НА ЛИВАДИГостите си носат постелки за седење, свеќници, маси, бели чаршави и скапи закуски и пијалоци. (Фото: Алами)

    Oперскиот фестивал Глиндебурн, кој се одржува на имот на околу 80 километри од Лондон, нуди свет далеку од оперските куќи во центарот на градот.

    „На некој начин, тука сме само ние и овците“, вели Лорен Сноуфер, сопран од Остин, Тексас, која за првпат настапува во Глиндебурн како Памина во „Волшебната флејта“ на Моцарт.

    Фестивалот во селскиот имот оваа година ја слави својата 90-годишнина и е познат меѓу љубителите на операта. Околу 150.000 лица доаѓаат во текот на летната и есенската сезона. Некои билети чинат над 280 евра, иако има понуди по половина цена за посетители под 40 години.

    Вратите од градините се отвораат од 15 часот, а настапите почнуваат рано, околу 17 часот. Доаѓаат гости во лускузни облеки, додека овци гледаат од околните полиња. Гостите си носат постелки за седење, свеќници, маси, бели чаршави и скапи закуски и пијалоци.

    Има место за 1.200 луѓе, што се смета за малку според стандардите на големите сали, но, вели Сноуфер, тоа дозволува поголема интимност.

    „Еден вид подигнувње на пикникот на повисоко ниво. Не е само оперската претстава, уживаме во целиот ден. За нас е празник во летото“, вели 62-годишната Сара Епел, редовна гостинка на Фестивалот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира