Товарен „боинг 747“ бил принуден да се врати назад откако коњ избегал од својата штала, предизвикувајќи хаос во авионот додека бил на височина од над 9.000 метри. Авионот летал од Њујорк за Белгија, но 90 минути по полетувањето свртел назад откако коњот се ослободил.
„Имаме живо животно, коњ, во авионот. Коњот успеа да избега. Не можеме да го обезбедиме“, ѝ рекол пилотот на контролата на летање.
Тој додал дека авионот е во ред, но немале начин како да го смират коњот, па побарал да дојде ветеринар кога ќе слетаат на аеродромот „Кенеди“ во Њујорк. На враќање кон Њујорк, од авионот морале да се испуштат 20 тони гориво, со цел да се намали неговата тежина.
Нејасно е како коњот успеал да се ослободи и зошто бил во авионот.
„И за животните има прва, бизнис и економска класа во авионите“, изјави еден извор за Си-Ен-Ен.