АВСТРАЛИСКИ ГРАД ВО ЗАЛОЖНИШТВО ПО ИНВАЗИЈА ОД 200.000 ЛИЛЈАЦИ

    АВСТРАЛИСКИ ГРАД ВО ЗАЛОЖНИШТВО ПО ИНВАЗИЈА ОД 200.000 ЛИЛЈАЦИПоради наездата од лилјаци затворени се двата јавни парка и градскиот базен, како и други јавни места во Чартер Тауерс (Фото: ДПА)

    Жителите на мал град во североисточниот дел од австралиската држава Квинсленд, велат дека се во заложништво од масивна инвазија на лилјаци, кои по број ги надминуваат. Над 200.000 лилјаци минатата недела го запоседнаа градот Чартерс Тауерс , рече градоначалничката Елизабет Шмид.

    „Апсолутна катастрофа, тоа што ни се случува е кошмар. И претходно имавме проблем со лилјаците, но никогаш во волку голем број“, кажа Шмид.

    Локалниот совет веќе затвори два јавни парка и базенот кои се управувани од Советот, како и други јавни места.

    Фрустрираните жители излегоа на улиците викендот и маршираа против градскиот совет, велејќи дека проблемот достигнал крајна точка и повикаа на акција против лилјаците.

    Поранешниот рударски град каде имало рудници на злато, стана дом за масовна колонија на лилјаци поради изобилството од цветни еукалиптуси. Но, жителите сега велат дека се чувствуваат како заложници. Жителите велат дека во послените седум години лилјаците биле непријатност, но дека нештата сега ескалирале до толку што никој веќе не може да излезе надвор од дома.

    „Глетката е ужасна, а звукот на пиштење, особено навечер, бидејќи е сезона на парење, е неподнослив. Не можеме дури ни да излеземе во дворовите. Се чувствуваме како заложници. Сè во паркот е покриено со лилјаци. Влијаеше на работата на градскиот базен, не можеме никаде да ги однесеме децата на пливање. Луѓето едноставно не излегуваат надвор, бидејќи лилјаците летаат насекаде“, велат жителите.

    Лилјаците се од суштинско значење за оддржување на шумите да бидат здрави, и играат важна улога во запрашување на билките и цвекињата, како и за разнесување на семињата на поголеми далечини.Тие може да бидат носители на хендра и лиса вирусите, кои може да бидат фатални за луѓето.

    Градоначалничката Шмид вели дека многу луѓе се жалеле за работи поврзани со здравјето, но дека засега сѐ уште нема посериозен здравствен ризик.

    „Досега никој не кажа на што се должи овој голем прилив на лилјаци, ниту пак имаме ресурси или технички знаења како да се справиме со овој голем проблем. Потрено ни е долготрајно решение. Ќе пратиме делегација во Бризбејн за да најде решение што поскоро“, рече Шмид.

    Таа кажа дека Советот нема дозвола да интервенира во природните живеалишта на лилјаците, и дека еден од двата парка во градот е регистрирана пештера за лилјаците и како заштитена област е под заштита на Одделот за животна средина и наследство.

    Портпаролката на Одделот за животна средина и наследство кажа дека Чартерс Тауерс не е единственото место кое имало искуство со голем број мали лилјаци во Квинсленд во последните неколку недели.

    „Малите лилјаци се движат наоколу во потрага по нивната омилена храна, цвеќиња и нектар од дрвјата“, кажа таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира