АВТОМОБИЛСКАТА КАБИНА СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА „БОШ“ МОЖЕ ДА НАЈДЕ ПАРКИНГ МЕСТО

    АВТОМОБИЛСКАТА КАБИНА СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА „БОШ“ МОЖЕ ДА НАЈДЕ ПАРКИНГ МЕСТОСистемот беше најавен на саемот за електорника ЦЕС во Лас Вегас и користи два модели за вештачка интелигенција - еден за разговор и еден за визуелно разбирање на околината во и надвор од автомобилот. (Фото: ДПА)

    Компанијата „Бош“ претстави автомобилска кабина со вештачка интелигенција (ВИ) што може да комуницира со возачот на природен јазик, да пронаоѓа паркинг и самостојно да го паркира возилото. Системот беше најавен на саемот за електорника ЦЕС во Лас Вегас и користи два модели за вештачка интелигенција – еден за разговор и еден за визуелно разбирање на околината во и надвор од автомобилот.

    Кабината овозможува интеракција слична на разговор со човек и нуди ново искуство во возењето, но сè уште не е познато кој производител прв ќе ја вгради. „Бош“ исто така развива електронски системи за управување и сопирање без механички врски, со цел напредни софтверски безбедносни функции.

    Компанијата најави и партнерство со „Кодиак АИ“ за развој на автономни камиони, како и големи инвестиции во САД. „Бош“ очекува приходите од софтвер и дигитални услуги да надминат 6 милијарди евра до раните 2030-ти, главно од автомобилскиот сектор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира