БАСИСТОТ И ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА „РИБЉА ЧОРБА“ МИША АЛЕКСИЌ ПОЧИНА ОД КОВИД-19

    БАСИСТОТ И ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА „РИБЉА ЧОРБА“ МИША АЛЕКСИЌ ПОЧИНА ОД КОВИД-19Алексиќ учествуваше во создавањето на сите 17 албуми на „Рибља чорба“ од 1979 до 2012 (Фото: Н1)

    Миша Алексиќ, басист и еден од основачите на „Рибља чорба“, почина на 67 години откако ја изгуби битката со коронавирусот. Тој неколку дена се лекуваше во болница во Белград и беше приклучен на респиратор, откако му се влошила состојбата.

    По враќањето од студиите од САД, Алексиќ ја основал групата „СОС“, од која во 1978 година произлезе „Рибља чорба“, кога ѝ се приклучи пејачот Бора Ѓорѓевиќ.

    Освен басист, Алексиќ беше и текстописец и продуцент на еден од најпопуларните рок бендови во поранешна Југославија, а соработуваше и со други пејачи и групи. Тој учествуваше во создавањето на сите 17 албуми на „Рибља чорба“ од 1979 до 2012 година.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира