Актерката оскаровка Мерил Стрип сега официјално има двојничка во Берлин. Седуммина учествуваа во натпреварот вчеравечер во киното Фридрихсхајн. Победничката Ина беше избрана со аплауз на публиката откако натпреварувачите се претставија пред гостите на мини модна писта. По натпреварот, во киното беше прикажан мјузиклот „Мама миа!”, во кој Стрип глуми самохрана мајка која води хотел на грчки остров со својата ќерка.
Стрип (76) е една од најпознатите и најразновидни актерки во Холивуд, позната по улогите кои се движат од уредничката на модно списание Миранда Пристли во „Ѓаволот носи Прада“ до британската премиерка Маргарет Тачер во „Челичната дама“.
Натпреварите за двојници стануваат се попопуларни, поттикнати од натпреварот за двојник на Тимоти Шаламе во Њујорк во октомври на кој се појави и актерот, како и оној и за двојник на актерот Педро Паскал во јуни.