БЕРЛУСКОНИ ОТВОРИ ПРОФИЛ НА ТИКТОК НА 85 ГОДИНИ ВО ОБИД ДА ДОПРЕ ДО ПОМЛАДИТЕ ГЛАСАЧИ

    БЕРЛУСКОНИ ОТВОРИ ПРОФИЛ НА ТИКТОК НА 85 ГОДИНИ ВО ОБИД ДА ДОПРЕ ДО ПОМЛАДИТЕ ГЛАСАЧИБерлускони подготвува политички камбек на изборите на 25 септември (Фото: АФП)

    Бившиот италијански премиер Силвио Берлускони отвори профил на ТикТок во обид да допре до помладите луѓе во пресрет на парламентарните избори во Италија, откако беше намалена возрасната граница за гласање.

    Здраво дечки, еве сум!“, вели 85-годишниот Берлускони во своето прво кратко видео на платформата на која доминираат тинејџери и клипови со танцување и пеење.

    По објавувањето на видеото, тој собра над 350.000 следбеници за помалку од ден.

    Берлускони, кој трипати беше премиер, подготвува политички камбек на изборите на 25 септември, кои следуваат по оставката на премиерот Марио Драги во јули. Според анкетите, алијансата помеѓу Напред Италија на Берлускони, Лига на Матео Салвини и крајнодесничарската Браќата на Италија на Џорџија Мелони е фаворит за победа на изборите.

    Италија неодамна ја спушти возрасната граница за гласање за горниот дом на парламентот од 25 на 18 години, со што четири милиони Италијанци добија право на глас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира