Луѓето низ цел свет овој викенд за момент ќе можат да се почувствуваат како да живеат во Готам Сити бидејќи во големите градови ќе се проектира сигнал со кој на помош се повикува Бетмен.
Петтиот годишен Ден на Бетмен се одбележува овој викенд и се совпаѓа со 80-годишнината од првото појавување на култниот суперхерој на „Ди-Си комикс“. По тој повод, на небото над 13 градови во 20 часот по локално време ќе биде проектиран препознатливиот „бет-сигнал“ и тој ќе може да се види во Мелбурн, Токио, Јоханесбург, Берлин, Рим, Париз, Барселона, Лондон, Сао Пауло, Њујорк, Монтреал, Мексико Сити и во Лос Анџелес.
Денот на Бетман се прославува во третата сабота во септември, иако неговиот вистински роденден е на 30 март, кога во 1939 година дебитираше во стрип на „Ди-Си комикс“, креиран од Боб Кејн и Бил Фингер.
„Горди сме што го испраќаме Бет-сигналот на Денот на Бетмен затоа што тој е инспирација која нѐ тера да веруваме дека може да се извлече нешто добро од најтешките времиња. Денот на Бетмен е глобална прослава на сите фанови“, изјави претседателката на „Ворнер брос“, Пем Линфорд.