„БЕВМЕ, ШЕСТПАТИ“ – НАСА ГО ДЕМАНТИРАШЕ ТВРДЕЊЕТО НА КИМ КАРДАШИЈАН ДЕКА СЛЕТУВАЊЕТО НА МЕСЕЧИНА БИЛО ЛАЖИРАНО

    „БЕВМЕ, ШЕСТПАТИ“ – НАСА ГО ДЕМАНТИРАШЕ ТВРДЕЊЕТО НА КИМ КАРДАШИЈАН ДЕКА СЛЕТУВАЊЕТО НА МЕСЕЧИНА БИЛО ЛАЖИРАНОКардашијан го даде својот коментар во последната епизода на ТВ-шоуто „Кардашијани“ (Фото: АП)

    Американската вселенска агенција (НАСА) го отфрли тврдењето на ТВ-ѕвездата Ким Кардашијан дека слетувањето на Месечината во 1969 било лажно.

    „Да, бевме на Месечината досега, шестпати“, изјави шефот на НАСА, Шон Дафи.

    Кардашијан го даде својот коментар во последната епизода на ТВ-шоуто „Кардашијани“, кога ѝ кажа на актерката Сара Полсон дека мисли оти слетувањето на Месечината не се случило, поддржувајќи ја една од најпознатите теории на заговор.

    Во епизодата, Кардашијан ѝ покажува на Полсон интервју со астронаутот Баз Алдрин, кој беше дел од мисијата „Аполо 11“ на Месечината во 1969. Во еден момент, таа чита наводна изјава на Алдрин кога го прашуваат за најстрашниот момент на експедицијата.

    „Немало страшни моменти зашто не се ни случило. Не можело да биде страшно бидејќи не се случило“, прочита Кардашијан.

    Не е познато кој текст го читаше и дали изјавата воопшто е од Алдрин.

    „Јас верувам дека слетувањето на Месечината било лажно. Сум гледала неколку видеа во кои Алдрин зборува како тоа не се случило. Тој цело време збори за тоа. Можеби треба да го најдеме Баз Алдрин“, кажа Кардашијан во шоуто.

    Набргу по емитувањето, шефот на НАСА ѝ порача на Кардашијан дека САД победиле во последната вселенска трка и ќе ја добијат и оваа. Дафи ја повика Кардашијан во вселенскиот центар „Кенеди“ на ласирањето на новата мисија за Месечината, „Артемис“.

    „Секој аргумент што тврди дека НАСА ги лажирала слетувањата на Месечината е оспорен“, според Институтот за физика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира