Амбасадата на Велика Британија во Скопје им нуди можност на млади девојки да бидат амбасадорки за еден ден, преку акцијата што ја спроведува по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената.
Повикот за акцијата #AmbassadorForaDay важи за девојки на возраст од 18 до 25 години, кои се заинтересирани за тековните состојби и имаат идеи како да го променат општеството како поединци. Една од нив ќе има можност да работи со британската амбасадорка во Македонија, Рејчел Галовеј.
Повикот е отворен до 1 март, а заинтересираните треба да пратат е-пошта на адресата [email protected], во која треба да ги изнесат своите идеи како би можеле да го променат општеството.