Во американската сојузна држава Тенеси се родија близнаци од ембриони замрзнати пред 30 години. Според Националниот центар за донирање ембриони (НЕДЦ), ова е нов светски рекорд за најдолго замрзнати ембриони кои резултирале со успешно раѓање.
Тие биле складирани во течен азот на -128 Целзиусови степени од 22 април 1992. Ембрионите биле донирани од анонимна брачна двојка во 2007 и конечно биле искористени во почетокот на оваа година.
Рејчел Риџвеј од Орегон ги родила близнаците Лидија Ен и Тимоти Роналд на 31 октомври. Ова не се нивни први деца. Тие веќе имаат четири деца на возраст од една до осум години, добиени преку вештачко оплодување или донори.
Според НДЕЦ, претходниот рекорд го држеше Моли Гибсон, родена во 2020 од ембрион кој бил замрзнат речиси 27 години.