„БОИНГ 747“ ПО КОПНО ТРГНА НА СВОЕТО ПОСЛЕДНО ПАТУВАЊЕ ЗА ДА СТАНЕ ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА

    „БОИНГ 747“ ПО КОПНО ТРГНА НА СВОЕТО ПОСЛЕДНО ПАТУВАЊЕ ЗА ДА СТАНЕ ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈАНа авионот ќе му требаат пет дена за да помине 12,5 километри до својата последна дестинација (Фото: АП)

    Боинг 747“ тргна на своето последно патување, но не со голема брзина, туку со бавни чекори.

    Тој ќе биде преместен од аеродромот „Схипхол“ во Амстердам до градината на еден локален хотел, кадешто ќе стане атракција за неговите посетители.

    На 150 тони тешкиот авион ќе му требаат пет дена за да помине 12,5 километри до својата последна дестинација, кадешто се очекува да пристигне в недела. В петок вечер, тој на специјално поставени тркала ќе биде пренесен преку главниот автопат.

    Авионот, кој 30 години беше во служба на холандскиот авиопревозник КЛМ, ќе биде претворен во „боинг 747 експириенс“ од сопственикот на хотелот „Корендон“, најголем во Бенелукс, и ќе ги отвори своите врати за гостите во средината на оваа година. Други детали засега не се познати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира