БОЦНИ СЕ И ЛЕТАЈ – КАМПАЊА НА АВИОКОМПАНИЈАТА „РАЈАНЕР“ ЗА ПРЕТСТОЈНОТО ЛЕТО

    БОЦНИ СЕ И ЛЕТАЈ – КАМПАЊА НА АВИОКОМПАНИЈАТА „РАЈАНЕР“ ЗА ПРЕТСТОЈНОТО ЛЕТОВо „Рајанер“ се убедени дека масовната вакцинација ќе овозможи слободно патување следното лето. - Од рекламата на ирската авиокомпанија (Фото: Рајанер)

    Ирската авиокомпанија „Рајанер“ ги охрабрува луѓето да резервираат летови за следното лето со надеж дека вакцините ќе овозможат дотогаш да се отворат границите. „Рајанер“ веќе има кампања насловена „Боцни се и летај“ за најпопуларните туристички дестинации, сугерирајќи дека вакцина против коронавирус ќе биде неопходна за летање.

    Досега, само една авиокомпанија отворено соопшти дека ќе бара доказ за вакцинација за меѓународните летови. Станува збор за австралиската компанија „Квантас“, чиј што извршен директор Алан Џојс кажа дека антиваксерите ќе мора да најдат друг компанија за да летаат ако не сакаат да примат вакцина против ковид-19.

    „Веднаш штом коронавирусот се повлече, а тоа ќе биде во 2021 година со масовната вакцинација, ‘Рајанер’ и нашите партнерски аеродроми ширум Европа брзо ќе ги вратат летовите, загубениот сообраќај и ќе им помогнеме на европските нации во закрепнувањето на нивните туристички индустрии и ќе ги вратиме младите назад на работа по градовите, плажите и скијачките центри во ЕУ“, кажа претходно месецов извршниот директор на „Рајанер“ Мајкл Олири.

    Во „Рајанер“ се толку убедени дека летово повторно ќе се патува слободно, што компанијата неодамна нарача дополнителни 75 авиони „Боинг 737 макс-8200“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира