БРИТАНКА СВИРЕЛА ВИОЛИНА ДОДЕКА ХИРУРЗИТЕ Ѝ ОТСТРАНУВАЛЕ ТУМОР ОД МОЗОКОТ (ВИДЕО)

    БРИТАНКА СВИРЕЛА ВИОЛИНА ДОДЕКА ХИРУРЗИТЕ Ѝ ОТСТРАНУВАЛЕ ТУМОР ОД МОЗОКОТ (ВИДЕО)Хирурзите се решиле на ваков радикален потег за на пациентката да ѝ ја зачуваат способноста за свирење

    Пациентка во британска болница ги свирела Густав Малер и Џорџ Гершвин на виолина додека ѝ отстранувале тумор од мозокот, со цел хирурзите да ги зачуваат нејзините способност за свирење и 40-годишна страст кон овој инструмент.

    Педесет и тригодишната Дагмар Тарнер имала тумор во десниот фронтален лобус од мозокот, блиску до областа која ги контролира движењата на левата рака.

    За да не предизвикаат штета на нејзината способност да свири виолина, неврохирургот од Кралската колеџ болница Кијумарс Ашкан го предложил својот план: тие ќе го мапираат нејзиниот мозок, ќе го отворат черепот и потоа ќе ѝ дадат да свири додека ѝ го отстрануваат туморот. Додека хирурзите сечеле дел од мозокот, Тарнер свирела композиции од Малер и Гершвин, како и мелодии од шпанскиот пејач Хулио Иглесијас.

    „Ова ни беше првпат пациент да свири инструмент додека оперираме. Успеавме да отстраниме 90% од туморот и притоа да ја одржиме левата рака целосно функционална“, изјави Ашкан.

    Тарнер им се заблагодари на хирурзите.

    „Виолината е моја страст. Свирам од мои десет години, па мислата дека би можела да ја загубам способноста за свирење ми го кршеше срцето“, кажа таа.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира