ЗА РОДЕНДЕНОТ НА КРАЛИЦАТА БРИТАНСКАТА АМБАСАДА ДОНИРАШЕ ОБРОЦИ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

    ЗА РОДЕНДЕНОТ НА КРАЛИЦАТА БРИТАНСКАТА АМБАСАДА ДОНИРАШЕ ОБРОЦИ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИРоденденот на Кралицата беше одбележан и со донација на пакети со прехранбени производи и производи за чистење и дезинфекција за самохрани родители.(Фото: Британска амбасада)

    Наместо со традицонален прием, амбасадата на Велика Британија, роденденот на Кралицата годинава го одбележа со донирање оброци за здравствените работници, како најмногу изложени во борбата со КОВИД-19. Оброци беа донирани на Клиничкиот центар во Скопје, Градската општа болница „8 Септември“ и Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

    Заедно со невладината организација „Една може“ донирани се пакети со прехранбени производи и производи за чистење и дезинфекција за самохрани родители.

    „Оваа година поради коронавирусот, наместо традиционалниот прием за роденденот на Кралицата го одбележавме цврстото пријателство помеѓу двете земји со онлајн активности кои се случуваа во Британија како балетски и театарски изведби, британска музика, опера и друго. На нашите социјални мрежи го споделивме видеото од британската амбасадорка Рејчел Галовеј која говореше за заедничката работа на важни теми како што е британската поддршка на реформите кои беа предводени од Министерството за одбрана, реформите во областа на правдата, доброто владеење, зацврстување на медиумите, како и емотивниот момент од подигнувањето на македонското знаме како 30 членка на НАТО. Во изминатите 25 години Британија има поддржано и над 220 Чивнинг стипендисти кои ги завршија своите едногодишни магистерски студии во Британија и се вратија во Северна Македонија да го споделат своето новостекнато знаење за градење на силно и напредно општество“, велат од Британската амбасада во земјава.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари