БРИТАНСКИ СОПРУЖНИЦИ ВО ИСТ ДЕН ПОЧИНАА ОД КОВИД-19 ПО 63 ГОДИНИ БРАК

    БРИТАНСКИ СОПРУЖНИЦИ ВО ИСТ ДЕН ПОЧИНАА ОД КОВИД-19 ПО 63 ГОДИНИ БРАКБил Дартнол одбил кислородна поддршка откако дознал дека неговата сопруга Мери починала.(Фото: Семеен албум)

    Маж и жена од Велика Британија починале во ист ден од последиците на коронавирусот откако поминале заедно повеќе од 60 години, а нивното семејство ги опиша како посебни луѓе. Деветдесетгодишниот Бил Дартнол починал во болницата во Саутемптон неколку часови по неговата 81-годишна сопруга Мери. Двајцата биле позитивни на коронавирус. Нивната ќерка Роузмери кажа дека Бил одбил кислородна поддршка откако дознал дека Мери починала.

    „Тој не сакаше да биде на овој свет без мајка ми“, кажа Роузмери.

    Бил и Мери биле во брак 63 години, а во последно време живееле во привремен старечки дом во Саутемптон. (Фото: Семеен албум)

    Бил и Мери биле во брак 63 години, а во последно време живееле во привремен старечки дом во Саутемптон. Мери Дартнол била примена во болница на крајот на март, а по неколку дена и нејзиниот сопруг, откако претрпел мозочен удар. Таму било утврдено дека и тој е позитивен на коронавирус.

    „Тие беа тим. Животот не секогаш им бил лесен, но низ сите проблеми поминуваа заедно и на крај, и заминаа заедно. Тие беа навистина посебни луѓе, кои напорно работеа цел живот“, изјави Роузмери.

    Семејството вели дека им е најтешко што не можеле да ги посетат родителите во болницата и дека тие починале сами.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира