БРИТАНСКИ ТИНЕЈЏЕР СЕ РАЗБУДИ ОД КОМА ПОСЛЕ ЕДНА ГОДИНА НЕСВЕСЕН ЗА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19

    БРИТАНСКИ ТИНЕЈЏЕР СЕ РАЗБУДИ ОД КОМА ПОСЛЕ ЕДНА ГОДИНА НЕСВЕСЕН ЗА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19Во периодот кога Џозеф Флавил бил удрен од автомобил, во Британија имаше само 23 потврдени случаи на коронавирус (Фото: Ројтерс)

    Британски тинејџер почна да се буди од кома по речиси една година откако беше удрен од автомобил, без да знае дека во светот има пандемија, иако двапати бил заразен со коронавирус додека бил во болница.

    Деветнаесетгодишниот Џозеф Флавил претрпел тешка повреда на главата кога бил удрен од автомобил во англискиот град Бартон-он-Трент на 1 март, што се случило три недели пред Велика Британија за првпат да воведе карантин за да го спречи ширењето на вирусот. Поради рестрикциите, неговото семејство не можеше да поминува многу време покрај него и да го држи за рака, туку најчесто одржуваше комуникација со болницата преку видеоврска.

    „Џозеф неодамна почна да покажува мали знаци на заздравување и многу сме возбудени поради тоа. Знаеме дека може да нѐ чуе, тој одговара на мали команди. Тој нѐ разбира, но не може да комуницира со нас“, изјави неговата тетка Сели Флавил.

    Од инцидентот на Џозеф, светот целосно се промени, а само во Велика Британија вирусот однесе над 110.000 животи.

    „Не знам дали Џозеф некогаш ќе ги сфати нашите приказни од карантинот. Пред него е уште долг, долг пат, пред да се врати во некаков нормален живот“, додаде Сели Флавил.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира