БРОД СО 4.000 АВТОМОБИЛИ „ФОЛКСВАГЕН“, „ПОРШЕ“ И „ЛАМБОРГИНИ“ ГОРИ СРЕДЕ АТЛАНТСКИОТ ОКЕАН

    БРОД СО 4.000 АВТОМОБИЛИ „ФОЛКСВАГЕН“, „ПОРШЕ“ И „ЛАМБОРГИНИ“ ГОРИ СРЕДЕ АТЛАНТСКИОТ ОКЕАННа бродот нема луѓе откако биле евакуирани сите 22 члена на посадата

    Запален товарен брод кој превезува речиси 4.000 автомобили, од кои 1.100 „поршеа“, плови без контрола среде Атлантскиот Океан, откако 22-члениот екипаж беше евакуиран, објави португалската морнарица.

    Бродот „Фелисити ејс“, натоварен со автомобили на групацијата „Фолксваген“, пловел од Германија за САД кога се запалил покрај Азорските Острови во средата вечер. Никој од евакуираните не е повреден.

    Портпаролот на „Порше“ потврди дека на бродот има околу 1.100 нивни автомобили. Американската подружница на „Фолксваген“ соопшти дека бродот превезува вкупно 3.965 возила на брендовите „Фолксваген“, „Ауди“, „Порше“ и „Ламборгини“.

    „Фелисити ејс“ тргнал од Емден, каде што „Фолксваген“ има фабрика и требало да пристане во САД на 23 февруари. Пожарот и натаму е активен, но е ставен под контрола, кажа капетанот на пристанишниот град Орта на Азорските Острови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира