БУГАРИЈА ПОБЕДИ НА 70. ЕВРОВИЗИЈА СО ПЕСНАТА „БАНГАРАНГА“, СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО СОФИЈА

    БУГАРИЈА ПОБЕДИ НА 70. ЕВРОВИЗИЈА СО ПЕСНАТА „БАНГАРАНГА“, СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО СОФИЈА„Бангаранга“ на 27-годишната Дара освои 516 поени (Фото: АП)

    Бугарија е изненадувачкиот победник на 70. издание на Евровизија, што се одржа во Виена и следната година ќе биде домаќин. Победничката песна „Бангаранга“ на 27-годишната Дара освои големи 516 поени, откако беше прва по двете гласања, и на жирито и на публиката.

    На второто место заврши Израел со 343 поени, а трета беше Романија со 296.

    Бугарија, која се врати по три години пауза, беше далеку од фаворит пред почетокот на раскошното европско музичко натпреварување, но сложената кореографија и заразниот рефрен на „Бангаранга“ ѝ ја донесоа првата победа на крајот. Најдобриот резултат на Бугарија досега беше второто место во 2017.

    Дара, чие вистинско име Дарина Николаева Јотова, е родена во Варна и на јавноста ѝ стана позната во 2015, кога се пласираше во финалето на бугарската верзија на талент шоуто „Икс-фактор“. Денес е голема музичка ѕвезда во својата земја и нејзините песни и видеа имаат над 80 милиони преслушувања и прегледи на Јутјуб.

    Дара појасни дека текстот на песната се осврнува на нејзината посветеност во надминувањето на анксиозноста и АДХД, што ѝ беа дијагностицирани минатата година.

    Бангаранга е нешто што секој го има во себе. Тоа е моментот кога избирате да водите со љубов, а не со страв“, рече таа.

    Бугарската државна телевизија веднаш потврди дека следната година Евровизија ќе се одржи во Софија.

    Годинашното натпреварување го обележа и бојкотот на Шпанија, Холандија, Ирска, Словенија и Исланд поради учеството на Израел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира