ЧАРЛС СТАНА ПРИНЦ СО НАЈДОЛГ СТАЖ ВО БРИТАНСКАТА ИСТОРИЈА

    ЧАРЛС СТАНА ПРИНЦ СО НАЈДОЛГ СТАЖ ВО БРИТАНСКАТА ИСТОРИЈАНеговата мајка е кралица од 1952, но Чарлс ја доби титулата принц во 1958 година (Фото: Би-Би-Си)

    Принцот Чарлс стана наследник на круната со најдолг стаж во историјата на британската монархија, со 59 години, еден месец и 15 дена, надминувајќи рекорд стар повеќе од сто години.

    Сега веќе 68-годишниот Чарлс ја доби титулата принц од Велс на 26 јули 1958 година, но неговата мајка Елизабета Втора и официјално го круниса 11 години подоцна, а првиот говор во оваа улога го одржа во 1974 година.

    Претходниот рекорд го држеше неговиот предок Едвард Седми, синот на кралицата Викторија, кој седна на тронот на 22 јануари 1901 година, а почина во 1910 година.

    Двајцата го поставија овој рекорд во слични околности, бидејќи беа најстарите синови на кралици кои владееја со децении. Викторија беше кралица 63 години и 216 дена и Елизабета Втора го надмина овој рекорд на 9 септември 2015 година.

    Бидејќи таа нема навестено дека планира да абдицира, Чарлс на тој начин би можел да стане највозрасниот британски крал. Тој стана нејзиниот наследник кога имаше само три години, во февруари 1952 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира