Чесите успешно собраа повеќе од 1,3 милиони долари за да купат модернизиран тенк за украинската војска. Наречена „Подарок за Путин“, кампањата примила донации од 11.288 поединци и организаторите кажаа дека ова е прва набавка од ваков тип.
Модернизираниот тенк од советска ера „Т-72“ наречен Томас ќе биде испратен во Украина со помош на чешкото министерство за одбрана и украинската амбасада во Прага.
„Донаторите му купија соодветен подарок на Путин за неговиот 70. роденден. Благодарност до сите кои му купуваат подароци во форма на поддршка за Украина“, напиша чешката министерка за одбрана Јана Чернохова на Твитер.
„Т-72 авенџер“ е модернизирана верзија на советскиот тенк кој почнал да се произведува во 1969 година. На него е додаден уред кој создава димна завеса во борба и има надграден преден топ.
Организаторите кажаа дека ќе продолжат да собираат донации за да се купи опрема за украинската војска.