ЧЕТИРИ ГЕРМАНСКИ СЕСТРИ ИЗМИСЛИЈА ИГРА ЗА КОРОНАВИРУС И ЈА РАСПРОДАДОА ЗА БОЖИЌ

    ЧЕТИРИ ГЕРМАНСКИ СЕСТРИ ИЗМИСЛИЈА ИГРА ЗА КОРОНАВИРУС И ЈА РАСПРОДАДОА ЗА БОЖИЌСестрите работеле на играта „Корона“ секоја вечер за време на карантинот пролетоска (Фото: Ројтерс)

    Четири германски сестри корисно го искористија времето поминато во затворено поради рестриктивните мерки и измислија игра на тема коронавирус, која се продава во илјадници примероци пред Божиќ.

    „Корона“ може да се игра со четири играчи, кои се натпреваруваат да ги купат сите достапни намирници за возрасен сосед, кој живее во изолација поради вирусот. Играчите собираат и си ги преземаат картите, а победникот е оној кој прв ќе ги купи сите намирници. Попат може да се закачи и вирус, кој го праќа играчот во карантин.

    „Основниот принцип е солидарност. Секој играч може да реши да соработува со останатите или да им ја отежни работата, блокирајќи им го патот со вируси“, вели една од сестрите Швадерлап, Сара.

    Сестрите работеле на играта секоја вечер за време на карантинот пролетоска и постепено ја надградувале како што добивале нови информации за пандемијата. Татко им Бенедикт решил да ја комерцијализира играта, па ангажирал уметник за да го усоврши дизајнот. Тие досега продале над 2.000 примероци од играта и потпишале договор за втор тираж.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира