Една нова американска студија покажа дека собирањето ѓубре и садењето дрвја на слободни места може да ги направи луѓето посреќни и да ги намали симптомите на депресија.
Во она што се смета за прво научно проучување на ефектите на јавниот простор врз менталното здравје, една непрофитна организација од Филаделфија исчисти ѓубре од неколку места и посади зеленило на други и откри дека локалните жители биле посреќни потоа.
Истражувачите од универзитетот во Пенсилванија неколку пати разговарале со 342 локални жители и ја следеле нивната емоционална состојба за период од три години, од 2011 до 2014 година. Оние кои живееле во областите што биле исчистени или насадени со зеленило пријавиле намалување на чувствата на депресија за 40 отсто. Во посиромашните делови, тоа изнесувало 70 отсто.
Кај оние кои продолжиле да живеат покрај неисчистени места немало промени во менталната состојба.
„Не сум изненадена од резултатите. Ова само докажува дека околината во којашто живеат луѓето има влијание врз нивното здравје“, кажа д-р Јуџинија Саут, која учествуваше во студијата.