ДАСТИН ХОФМАН ОБВИНЕТ ДЕКА СЕ СОБЛЕКУВАЛ ГОЛ ПРЕД МАЛОЛЕТНИЧКИ

    ДАСТИН ХОФМАН ОБВИНЕТ ДЕКА СЕ СОБЛЕКУВАЛ ГОЛ ПРЕД МАЛОЛЕТНИЧКИНеколку жени го обвинија за недолично сексуално однесување во случаи стари неколку децении. - Дастин Хофман (Фото: АП)

    Уште неколку жени ја обвинија холивудската легенда Дастин Хофман за недолично сексуално однесување, вклучувајќи инцидент со една сценаристка, пред која се соблекол гол во хотелска соба во Њујорк, кога таа имала само 16 години.

    Кори Томас го опиша инцидентот од 1980 година во текстот објавен во магазинот „Вараети“, а потоа ја потврди приказната и за агенцијата АП.

    Таа учела во ист клас со ќерката на Хофман, кога се запознале и тој ја поканил во своја хотелска соба по една заедничка вечера.

    „Кога неговата ќерка си замина, ми рече да останам и да ја почекам мајка ми. Тој се истушира и се врати само со пешкир на себе. Во еден момент го фрли и остана целосно гол. Хофман потоа се облече и побара од мене да му ги масирам стапалата. Неколку пати ме праша дали сакам повторно да го видам гол“, изјави Томас.

    Друга жена, Мелиса Кестер, откри за „Вараети“ дека Хофман ѝ ставил рака во гаќички, кога снимале песна во музичко студио за потребите на филмот „Иштар“.

    Ова се најновите обвинувања за сексуално вознемирување против 80-годишниот двократен оскаровец. Претходно, и актерката Ана Грем Хантер откри дека тој недолично се однесувал кон неа, кога имала 17 години.

    „Верувам дека приказната на Хантер е вистинита, затоа што и јас имам доживеано нешто слично“, кажа Томас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира