ДЕЧКО, НЕ ГИ ШИРИ НОЗЕТЕ, КАМПАЊА НИЗ АВТОБУСИТЕ ВО МАДРИД

    ДЕЧКО, НЕ ГИ ШИРИ НОЗЕТЕ, КАМПАЊА НИЗ АВТОБУСИТЕ ВО МАДРИДОд сообраќајното претпријатие ЕМТ изјавија дека целта на новите знаци е да ги потсети мажите да да се однесуваат цивилизирано и да го почитуваат просторот на сите во автобусот.

    Управата на шпанското транспортното претпријатие главниот град на Шпанија Мадрид лансираше кампања која ги обесхрабрува мажите да си ги шират нозете во автобусите од јавниот превоз.

    Операторот ЕМТ низ автобусите поставува знаци кои покажуваат маж со раширени нозе а до него е нацртан голем црвен икс.

    .

     

    Слична кампања е испланирана и за метро системот во Мадрид.

    Потегот следи откако жени организирале онлајн петиција на која собрале повеќе од 12.000 потписи.

    Пред две години во окфордскиот онлајн речник беше усвоен англискиот збор менспрединг (мenspreading) како опис на машкото седење со раширени нозе.

    Од сообраќајното претпријатие ЕМТ изјавија дека целта на новите знаци е да ги потсети мажите да да се однесуваат цивилизирано и да го почитуваат просторот на сите во автобусот.

    Твит со скриншот од шпанската телевизија

    Во 2014 година и њујоршкото транспортно претпријатие се одлучи да стави знаци на метро станиците на кои стои написот:„ Дечко… не ги шири нозете“.

    И во американскиот град Филаделфија исто така беа ставени знаци на кои пишува „Дечко, безобразно е!“, додека во Сиетл се ставени знаци со октопод шти ги раширува пипците околу сите седишта.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира