ДЕЛО ОД ВАН ГОГ УКРАДЕНО ОД МУЗЕЈ ВО АМСТЕРДАМ

    ДЕЛО ОД ВАН ГОГ УКРАДЕНО ОД МУЗЕЈ ВО АМСТЕРДАМОд музејот Сингер Ларен е украдено делото „Пролетна градина“ од 1884 година (Фото: ДПА)

    Слика на Винсент ван Гог е украдена денеска од музејот Сингер Ларен во Амстердам, објавија официјални лица од оваа институција.

    Крадците упаднале во музејот ноќеска после три часот и го украле делото „Пролетна градина“ од 1884 година. Сликата привремено беше позајмена во Сингер Ларен од музејот во Гронинген. Ниедно друго дело не е украдено.

    „Бесни сме, шокирани и тажни поради грабежот“, изјави генералниот директор на музејот, Еверт фан Ос.

    Од музејот во Гронинген објавија дека тоа е единствената слика од Ван Гог што била во нивна колекција. Вредноста на сликата не е позната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира