ДЕМОНСТРАНТ Ѝ ГО ОДЗЕДЕ МИКРОФОНОТ НА БРИТАНСКАТА ПЕЈАЧКА СРЕД НАСТАПОТ НА ЕВРОВИЗИЈА

    ДЕМОНСТРАНТ Ѝ ГО ОДЗЕДЕ МИКРОФОНОТ НА БРИТАНСКАТА ПЕЈАЧКА СРЕД НАСТАПОТ НА ЕВРОВИЗИЈАМедиумите пренесуваат дека демонстрантот наводно викнал: „ Нацисти на британските медиуми, бараме слобода“ (Фото: АФП)

    Демонстрант излезе на сцената на Евровизија во Лисабон за време на настапот на британската пејачка Сурај и ѝ го зеде од раце микрофонот .

    Медиумите пренесуваат дека демонстрантот наводно викнал: „ Нацисти на британските медиуми, бараме слобода“.

    Пејачката остана смирена и успеа да ја заврши докрај изведбата на песната „Бура“.

    Од Европскиот радиодифузен совет соопштија : „Одговорното лице во моментов е во полициски притвор”.

    Сурај одби да настапи повторно, велејќи дека нема „апсолутно никаква причина”, бидејќи „таа и нејзиниот тим се исклучително горди на нејзината изведба“.

    Финалето на Евровизија во моментов се гледа од околу 200 милиони ТВ гледачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира