ДЕСЕТИЦИ ТУРИСТИ СЕ СООЧУВААТ СО КАЗНИ ОД 3.000 ЕВРА ЗА КРАДЕЊЕ ПЕСОК И ШКОЛКИ ОД ПЛАЖИТЕ НА САРДИНИЈА

    ДЕСЕТИЦИ ТУРИСТИ СЕ СООЧУВААТ СО КАЗНИ ОД 3.000 ЕВРА ЗА КРАДЕЊЕ ПЕСОК И ШКОЛКИ ОД ПЛАЖИТЕ НА САРДИНИЈАПолицијата често запленува шишиња со песок и кампчиња нелегално собрани од плажите на Сардинија

    Десетици луѓе се соочуваат со казни до 3.000 евра поради земање песок и школки од плажите на Сардинија. Властите кажаа дека 41 лице е пријавено за кражба на вкупно 100 килограми предмети од плажите во одделни инциденти.

    Отстранувањето на прославениот бел песок од плажите на Сардинија е строго забрането, а трговијата со песок, камчиња и школки е незаконска од 2017. Казните се високи, но локалните жители со години се жалеа на крадењето, бидејќи туристите, најчесто странски, имаа навика да полнат шишиња со песок како сувенир или за да го продаваат онлајн.

    Како дел од постоечка истрага, воената и граничната полиција на Сардинија набљудува аеродроми и пристаништа и пребаруваа интернет сајтови за да спречи илегални изнесувања и продажби. Полицијата кажа дека во изминатите денови открила десетици реклами на интернет во кои се нудат предмети нелегално собрани од брегот на Сардинија. Оваа година веќе биле изречени казни од вкупно 13.000 евра, а украдените предмети биле вратени во областите од кои биле земени.

    Во 2019 година, француска двојка беше фатена со 40 килограми песок во своето теренско возило.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира