ДЕЦАТА ОД ДОМОТ „11 ОКТОМВРИ“ ВО СКОПЈЕ ДОБИЈА ОБУКА И КОМПЈУТЕРИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ“

    ДЕЦАТА ОД ДОМОТ „11 ОКТОМВРИ“ ВО СКОПЈЕ ДОБИЈА ОБУКА И КОМПЈУТЕРИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ“Обуката „Користење компјутери за безбедно учење на далечина“ ја посетуваа 27 деца од домот. (Фото: Фондација „Ѓорѓи Марјановиќ“

    Во детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје денеска свечено беа доделени сертификати за завршена обука и компјутери на првата генерација учесници, децата без родители. Обуката насловена „Користење компјутери за безбедно учење на далечина“ ја посетуваа 27  деца од домот. Децата, покрај стекнатите знаења и вештини за безбедно користење на компјутери за учење на далечина, добија и по еден компјутер или лаптоп кои во иднина ќе им служат за натамошно учење и подготовка за самостоен живот.

    По завршувањето на обуката, учесниците ќе продолжат со едногодишно изучување на англискиот јазик, кое ќе се одвива на далечина под водство на искусни наставници. Овој проект се реализира со поддршка на амбасадорите на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.

    „Денес нашите штитенци добија многу повеќе од компјутери , тие добија одлична шанса за подобра иднина“, рече Розетка Блаховиќ, в. д директорка на детскиот дом „11 Октомври“.

    „Денешниот настан е доказ дека меѓу нас постојат хумани луѓе и организации кои ни помогнаа една идеја да претвориме во реалност. Со нивна помош ја започнуваме трансформацијата на Македонија во пристојно место за живеење, почнувајќи од децата без родители на кои ќе им обезбедуваме компјутери, обуки и ментори“, рече изјави Александар Марјановиќ, извршен директор на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира