СО ДЕЦЕНИИ ИСМЕВАНИ, „ТРАБАНТИ“ И „ВАРТБУРЗИ“ ДЕНЕС ВРЕДАТ ПОВЕЌЕ ОД КОГА БИЛО

    СО ДЕЦЕНИИ ИСМЕВАНИ, „ТРАБАНТИ“ И „ВАРТБУРЗИ“ ДЕНЕС ВРЕДАТ ПОВЕЌЕ ОД КОГА БИЛОЗа добро зачуван „трабант“ денес треба да се идвојат и 10.000 долари (Фото: ДПА)

    Неколку децении по падот на Берлинскиот ѕид, некогаш исмеваните источногермански автомобили вредат повеќе од кога било.

    „Трабанти“ и „вартбурзи“ веќе не можат да се најдат евтино, исто како и „мелкус“, клонот на „ферари“ и единствен источногермански спортски автомобил, откако бран на носталгија ја заплисна цела Германија.

    Денес 46-годишниот Марко Холтер само што почнал да учи за механичар кога паднал ѕидот и добил понуда да купи „трабант“ за само 50 германски марки, денешни 30 долари. Тој и неговите колеги одбиле и сѐ уште се каат за тоа.

    Ист таков „трабант“ денес вреди најмалку 4.000 долари, во зависност од состојбата, а оние добро зачувани се продаваат за повеќе од 10.000.

    Клубови на љубители на „трабанти“, кој бил произведен во 2,8 милиони примероци до 1990 година, има низ цела Германија, а најголемиот собир веќе 24 години години се одржува во мај во Анклам. Сопствениците на „вартбурзи“, пак, се собираат во Ајзенах од 3 до 6 август. Последниот негов модел 1.3 престана да се произведува во 1991 година.

    „Ако го понудите на продажба својот автомобил на еден ваков собир, постои голема шанса да го продадете до крајот на денот. Сепак, тие сега сѐ потешко се наоѓаат за купување, бидејќи сопствениците се свесни за нивните реткост и зголемена вредност“, вели Холтер.

    Првиот модел „трабант 601“ се појави во 1963 година и денес вреди најмалку 5.000 долари.

    „Тие останаа несакани со децении, но нивните цени нагло скокнаа во почетокот на оваа деценија. Преку ноќ, ‘трабант‘ стана култен автомобил“, вели Холтер.

    Најскапиот источногермански автомобил е „мелкус купе РС 1000“, што се произведуваше од 1969 до 1972 година. Иако има само 80 коњски сили, тој може да достигне цена од 80.000 долари. За „вартбург 312/1“, пак, треба да се издвојат околу 13.000 долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира