ЏЕКПОТОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ЛОТАРИЈА ПОРАСНА НА РЕКОРДНИ 1,6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    ЏЕКПОТОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ЛОТАРИЈА ПОРАСНА НА РЕКОРДНИ 1,6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИШансите за освојување џекпот се еден во 292 милиони (Фото: АП)

    По три месеци без победник на американската лотарија, денешното извлекување ќе го има најголемиот џекпот во историјата. Тој ќе изнесува 1,6 милијарди долари, со што е надминат рекордот од 2016, кога тројца добитници поделија 1,59 милијарди долари.

    Според „Пауербол“, шансите за освојување џекпот се еден во 292 милиони. Оваа лотарија се игра во 45 од 50-те сојузни држави, како и на американските територии Порторико и Девствени Острови.

    За да се освои џекпотот, потребно е да се погодат сите шест бројки на тикетот и да нема победник 39 извлекувања по ред. Целиот износ на џекпотот се исплаќа на рати во период од три децении, но најголем дел од добитниците се решаваат за награда во кеш, која е помала и моментално изнесува 782,4 милиони долари, пред да се одбијат даноци.

    Последниот освојувач на џекпотот доби „само“ 206,9 милиони долари во август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира