ЏИМИ КАРТЕР Е ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД КОЈ ДОЖИВЕАЛ 100 ГОДИНИ, ЕДВАЈ ЧЕКА ДА ГЛАСА НА ИЗБОРИТЕ

    ЏИМИ КАРТЕР Е ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД КОЈ ДОЖИВЕАЛ 100 ГОДИНИ, ЕДВАЈ ЧЕКА ДА ГЛАСА НА ИЗБОРИТЕКартер последен пат беше виден во јавност пред речиси една година (Фото: АП)

    Џими Картер денеска слави 100 години, како првиот американски претседател кој живеел цел век. Поминувајќи ги последните 19 месеци на домашна нега во Плејнс, 39. претседател на САД продолжува да ги надминува очекувањата, почнувајќи од детството на фарма за кикиритки, од каде што стигна до Белата куќа и до Нобелова награда за мир за својата хуманитарна работа.

    Картер беше претседател од 1977 до 1981 и потоа четири децении го водеше Центарот „Картер“, што го основа со сопругата Розалин во 1982.

    Ретко кој доживува 100 години, па уште ако го искористил тоа време за да прави толку многу добро на други луѓе, тоа е вредно за прослава“, изјави Џејсон Картер, внукот на Картер и сегашен претседател на управниот одбор на Центарот „Картер“.

    Џими Картер е роден на 1 октомври 1924 во Плејнс, каде што живееше повеќе од 80 од своите 100 години. Се очекува тој да го одбележи роденденот во истата еднокатна куќа што ја изградил со Розалин во почетокот на 1960-тите, пред за првпат да биде избран во Сенатот на Џорџија. Поранешната прва дама, која исто така е родена во Плејнс, почина минатиот ноември на 96 години.

    Во чест на роденденот, Центарот „Картер“ организираше музичка гала вечер во Атланта на 17 септември, при што беа собрани 1,2 милиони долари за програмите на центарот.

    Картер последен пат беше виден во јавност пред речиси една година, кога присуствуваше на двете погребни служби за неговата сопруга, со која помина во брак 77 години.

    Искрено, по нејзината смрт не очекувавме дека ќе издржи уште долго, но тој сега едвај чека да гласа за Камала Харис на претстојните претседателски избори“, кажа Џејсон Картер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира