ЏОРЏ И АМАЛ КЛУНИ ДОБИЈА БЛИЗНАЦИ

    ЏОРЏ И АМАЛ КЛУНИ ДОБИЈА БЛИЗНАЦИЏорџ Клуни (56) и Амал Клуни (39) се заедно од 2013 година и се венчаа една година подоцна. Ова им се први деца на двајцата. (Фото: Ројтерс)

    Холивудскиот актер Џорџ Клуни и сопругата Амал Клуни добија близнаци, девојче Ела и момче Александар. Близнаците се родија во вторник наутро, кажа публицистот на актерот Стен Роузенфилд за „Би-Би-Си“.

    „Ела, Александар и Амал се здрави, среќни и добро им оди“, кажа публицистот и на шега додаде: „Џорџ е на седативи и треба да закрепне за неколку дена“.
    Двојката се венчаше во септември 2014 година во Венеција, Италија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира