Џорџ Клуни и Џулија Робертс ќе глумат во новата романтична комедија „Билет за рајот“ (Ticket to Paradise), кој повторно ќе ги обедини ѕвездите на „Единаесеттемина на Оушн“ и долгогодишни пријатели. Филмот ќе го режира Ол Паркер, а снимањето треба да почне на крајот на годината.
Клуни и Робертс ќе играат разведена двојка, која патува на Бали за да ја спречи преселбата на својата ќерка.
Двајцата оскаровци заедно играа и во трилерот „Финансиско чудовиште“, режисерското деби на Џоди Фостер од 2016 година.