ЏОРЏ КЛУНИ ПОЛЕСНО ПОВРЕДЕН ОТКАКО ГО УДРИ КОЛА НА МОТОР

    ЏОРЏ КЛУНИ ПОЛЕСНО ПОВРЕДЕН ОТКАКО ГО УДРИ КОЛА НА МОТОРСпоред фотографиите по сообраќајката, Клуни возел црн скутер. (Фото: Ла Нуова Сардења)

    Холивудскиот актер Џорџ Клуни е полесно повреден откако возејќи се на мотор се судри со автомобил во Италија, јавија локалните медиуми.

    57-годишникот беше пренесен во болница, но набрзо беше пуштен, бидејќи нема посериозни повреди. Клуни е на снимање на ТВ-драмата „Кеч-22“ на италијанскиот остров Сардинија.

    Според локалните извештаи, тој бил на пат кон филмскиот сет кога автомобилот удрил во неговиот мотор, а возачот на автомобилот му помогнал на актерот додека чекале да дојде Брза помош.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари