ДОНАЛД ТРАМП ОПИШАН КАКО ИЗМАМНИК И НАСИЛНИК ВО НОВАТА КНИГА НА НЕГОВАТА ВНУКА МЕРИ

    ДОНАЛД ТРАМП ОПИШАН КАКО ИЗМАМНИК И НАСИЛНИК ВО НОВАТА КНИГА НА НЕГОВАТА ВНУКА МЕРИСемејството Трамп по судски пат се обиде да го спречи излегувањето на книгата на 14 јули (Фото: Гети)

    Мери Трамп го опиша својот чичко Доналд Трамп како насилник, измамник и нарцис кој ги загрозува животите на сите Американци во своите нови мемоари „Премногу и никогаш доволно: Како моето семејство го создаде најопасниот човек на светот“.

    Белата куќа ги отфрли тврдењата од книгата, чии извадоци беа објавени во американските медиуми. Семејството Трамп по судски пат се обидува да го спречи излегувањето на книгата на 14 јули.

    Педесет и петгодишната Трамп вели дека актуелниот претседател на САД ги покажува сите особини на нарцис.

    „Тој не е само слаб. Неговото его е толку кршливо што мора постојано да се засилува, зашто длабоко во себе, тој знае дека не е ништо од она што го тврди“, пишува Мери Трамп.

    Во 2017, таа на „Њујорк тајмс“ му испратила даночни документи од 1990-ите кои докажуваат како Доналд Трамп преку сомнителни даночни шеми го зголемил богатството што му го оставиле родителите.

    „Предавањето на тие документи на новинарите беше најсреќниот момент во мојот живот. Тој мораше да падне“, вели Мери Трамп, додавајќи дека тој мамел и при запишувањето на колеџ.

    „Доналд ангажираше едно паметно момче да го реши приемниот тест во негово име и добро му плати за тоа“.

    Мери Трамп е ќерка на Фред Трамп Џуниор, постариот брат на Доналд Трамп, кој починал на 42 години од алкохолизам. Таа вели дека тој постојано бил понижуван и омаловажуван од Доналд и нивниот татко Фред Сениор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира