ДРЖАВАТА ЊУЈОРК СЛАВИ ЕДЕН ВЕК ОД ЖЕНСКОТО ПРАВО НА ГЛАС

    ДРЖАВАТА ЊУЈОРК СЛАВИ ЕДЕН ВЕК ОД ЖЕНСКОТО ПРАВО НА ГЛАСИзложбата содржи повеќе од 250 предмети и слики позајмени од повеќе државни институции и приватни колекционери.

    Државниот музеј на Њујорк во Олбени ја отвори изложбата „Гласови за жени: прослава на 100-годишнината “, која ја одбележува стогодишнината на женското право на глас во државата Њујорк и ја подига свеста за борбата за еднакви права до денес.

    Изложбата содржи повеќе од 250 предмети и слики позајмени од збирките на Државниот музеј, Државниот архив, Државната библиотека, културните институции и приватните колекционери од целата држава.

    Изложбата започнува со приказните за безброј жени и мажи кои работеле за еднаквост кон крајот на 18-от и почетокот на 19-тиот век

    „Додека ја прославуваме стогодишнината на правото на глас на жените во Њујорк, размислуваме за тоа колку далеку сме дојдени , како и за борбата која стои пред нас за навистина да постигнеме еднакви права”, рече шефицата на проектот Бети А. Роса.

    „Њујорк го усвои државното право на глас во 1917 година, три години пред жените да добијат право да гласаат на национално ниво со ратификацијата на 19-тиот амандман”, вели сенаторот Кирстен Гилибренд.

    Изложбата е поделена на три дела : „Агитирајте! Агитирајте! “(1776 – 1890), „Победа на гласањето” (1890-1920); и „Постојаната борба за еднакви права” (1920 – денес).

    Изложбата започнува со приказните за безброј жени и мажи кои работеле за еднаквост кон крајот на 18-от и почетокот на 19-тиот век, конвенцијата за правата на жените за 1848 година во Сенека фолс и движењето за право на глас на жените.

    Изложбата е поделена на три дела : „Агитирајте! Агитирајте! “(1776 – 1890), „Победа на гласањето” (1890-1920); и „Постојаната борба за еднакви права” (1920 – денес)

    Изложбата завршува со истражување на континуираната борба за еднакви права од ратификацијата на 19-тиот амандман на Уставот на САД во 1920 година, вклучувајќи го и амандманот за еднакви права и  значајната улога на лидерите на Њујорк во денешно време да ги унапредуваат женските права.

    „Чест ни е да ја споделиме приказната за тоа како жените низ децениите толку страсно се бореа за правото на глас за своите ќерки, внуци, внуки и идните генерации”, рече државниот комесар за образование Мери Елен Елаја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира