ДВЕ АВСТРИЈКИ КОИ БИЛЕ ЗАМЕНЕТИ ВО БОЛНИЦА ПO РАЃАЊЕTO СЕ СРЕТНАА ПО 35 ГОДИНИ

    ДВЕ АВСТРИЈКИ КОИ БИЛЕ ЗАМЕНЕТИ ВО БОЛНИЦА ПO РАЃАЊЕTO СЕ СРЕТНАА ПО 35 ГОДИНИКратко по нивното раѓање, бебињата биле случајно заменети и им биле дадени на родителите од другото семејство (Фото: Гети)

    Две Австријки кои биле заменети при раѓање во болница во Грац конечно се сретнаа по 35 години.

    Дорис Гринвалд и Џесика Баумгартнер се родени во клиниката „ЛКХ“ во Грац во октомври 1990, според австриските извештаи. Двете биле предвреме родени. Кратко по нивното раѓање, бебињата биле случајно заменети и им биле дадени на родителите од другото семејство.

    Во 2012 Гринвалд открила дека не е биолошка ќерка на нејзините родители Евелин и Јозеф. Кога донирала крв, сфатила дека нејзината крвна група не се совпаѓа со онаа на мајка ѝ. Австриската телевизија ОРФ извести за случајот во 2016, но другото семејство не можеше да се најде тогаш.

    Баумгартнер била одгледана во близина од Херберт и Моника Дерлер. Таа открила дека нејзината крвна група не се совпаѓа со онаа на нејзините родители кога забременила, при што еден лекар ја информирал за случајот со заменети бебиња. Џесика стапила во контакт со Дорис преку Фејсбук и потоа се сретнале.

    Тоа беше како да запознаваш сестра. Беше неописиво убаво чувство“, изјави Дорис.

    Неодамна, и семејствата конечно се сретнаа, што беше снимено од ОРФ.

    За мене, моето семејство стана поголемо и конечно имам сигурност“, рече Евелин Гринвалд.

    Оперативниот менаџер на клиниката „ЛКХ“ Гебхард Фалцбергер изјави дека длабоко жалат за грешката што била направена во тоа време.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира