ДВЕ ГОДИНИ ОД БРЕНДОТ „А1“ СО ПОНУДА ОД 100 ГИГАБАЈТИ МОБИЛЕН ИНТЕРНЕТ МЕСЕЧНО

    ДВЕ ГОДИНИ ОД БРЕНДОТ „А1“ СО ПОНУДА ОД 100 ГИГАБАЈТИ МОБИЛЕН ИНТЕРНЕТ МЕСЕЧНОИзминатите две години значеа постојан раст за брендот „А1“, вели Методија Мирчев, извршниот директор на „А1 Македонија“

    „А1 Македонија ја одбележува втората година од воведувањето на А1 брендот на македонскиот пазар со статусот на најголем мобилен оператор со најбрз мобилен интернет и со најголем број корисници на мобилната телефонија, објави Агенцијата за електронски комуникации во свој извештај.

    Во септемвриската промоција, корисниците на А1 Македонија добиваат 100 гигабајти мобилен интернет месечно во тарифниот модел A1 Neo M+“, кој доколку не се потроши, може да се размени за дополнителни бенефити преку апликацијата Мојот А1. Исто така, корисниците можат да одберат смартфон по одлична цена, како „самсунг галакси А12“ за 189 денари месечно или „шјаоми редми 9Т“ за 149 денари месечно.

    „Изминатите две години за брендот ‘А1‘ значеа постојан раст. Иако овој период беше исполнет со бројни предизвици, тој стана синоним за технолошки развој, во кој постојано ја предизвикувавме иднината со посветено креирање најдобри производи и услуги кои на корисниците им овозможуваат повеќе вредности и тоа со најповолни услови”, изјави Методија Мирчев, извршниот директор на А1 Македонија.

    Компанијата инвестираше над 30 милиони евра во изградба на сопствена најсовремена мобилна мрежа, што на корисниците им овозможува најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, најсовремена мобилна комуникација и повици со ултрависок ХД квалитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира